На Мара рецептот за успешен брак:
1. Мој Блажо ногу се гриже за мене, два пати неделно ме воде на бурек. Ја че го направам и испечам, а он ми вика:
-Де бре Маре испадни од тоа кујната, апни и ти троа…
2. После ручук не преспиваме заедно.Он преспива у спалната да не ми прече со хркањето, а ја ги миам садевите, и а бришам прашин’та….
3. Секој месец а че а земе плат’та ми купуе подароци, добивам или Арф, или Доместос или Спин, да не се мачам да а миам шољата у WC-то на суво или ниа мрсните садеви, и си викам у умот:
-Леле Мариче, коа среќа а имаш шо го зе виа човек за маж…
4. Родена су у Декември, па Блажо за секој роѓенден ми подаруе по 8 кубика бука, и он со ракијата у раката ме гледа како уживам у подарокот додека расцепен го внесуам у подрумот, а додека уживаме у топлин’та на шпор’то, ја каа че му спомнам дека би сакала за подарок уште 3 тона ќумур, она ако е нервозен и едвај се воздржуе да не ми залепе една, ми вика:
-Ее какви сте ви жен’те, еден подарок го отвар’те, и одма друг, ама ај нека ти биде даа…
5. Он каа добар маж ме тера да изгледам убаво. Ако направам копани со компири, он че и офука копањата, а мене че ми и оставе сал компир’те да не се здебелам…
6. Каа шетаме по чаршијата, изглеаме каа заљубен пар, че ми а стегне раката, ништо да не можам да чепнам…
7. Шо е така така е, ниг’гаш не ми дава се сама да работам по куќата, че а викне мама и заедно чистиме по цела куќа…
8. Ниг’гаш не се бања без мене, му а п’нам кадата и му го т’рам грбот, и ми залепуе по една шлапаница ако ногу го заштипе шампонот по очите, и од шо ме сака ми дава после да се избањам у неговата вода…
БЛАЖО СРЦЕ МОЕ.