во

47 повредени на антивладините протести во Тирана: Меѓу нив полицајци, демонстранти, новинари и еден пратеник

Најмалку 47 лица побарале медицинска помош по масовните антивладини протести во Тирана на Денот на независноста на Албанија, меѓу кои полицајци, демонстранти, новинари и еден пратеник, соопшти албанското Министерство за здравство и социјална заштита!
Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Најмалку 47 лица побарале медицинска помош по масовните антивладини протести во Тирана, соопшти албанското Министерство за здравство и социјална заштита. Според последниот официјален биланс, објавен за состојбата до 21 часот, петмина од повредените биле задржани на понатамошно лекување во Универзитетската трауматолошка болница.

Меѓу повредените има полицајци, новинари и пратеник

Во Универзитетската трауматолошка болница медицинска помош побарале вкупно 36 лица: 12 полицајци, 14 демонстранти, шест новинари и четворица минувачи. Од нив, еден полицаец, тројца демонстранти и еден новинар биле задржани на болничко лекување, додека останатите биле пуштени дома по укажаната медицинска помош и со препорака од лекарите.

Во Универзитетскиот болнички центар „Мајка Тереза“ биле примени уште 11 повредени лица: осум полицајци, еден демонстрант, еден припадник на обезбедувањето и еден пратеник, при што сите биле пуштени по укажаната медицинска интервенција.

Судири со полицијата и употреба на солзавец и водени топови

Протестот во Тирана, организиран на Денот на независноста на Албанија, започнал мирно, но подоцна ескалирал во жестоки судири со полицијата. Дел од демонстрантите фрлале камења и молотови коктели кон полициските сили и државните институции, на што полицијата одговорила со употреба на солзавец и водени топови за да ги растера насобраните.

Според извештаите од теренот, во немирите биле оштетени и објекти на државни институции, меѓу кои Министерството за животна средина, Банката на Албанија и Градското собрание на Тирана. На протестот учествувале илјадници граѓани од различни делови на земјата, студенти и Албанци од дијаспората, кои барале оставка од премиерот Еди Рама и пошироки политички промени.

Рама на концерт во Валона, граѓаните револтирани од корупцијата и проектот на јужниот брег

Додека во Тирана траеле протестите и судирите, премиерот Еди Рама објавил видеоснимка од концерт на Плоштадот на знамето во Валона, организиран по повод 114-годишнината од прогласувањето на независноста на Албанија.

Протестите се дел од поширокото незадоволство од владеењето на Рама, а барањата на демонстрантите вклучуваат борба против корупцијата, подобри услови за живот, вработување, образование и здравство. Незадоволството дополнително се засили по контроверзиите околу планираниот туристички проект на јужниот албански брег, поврзан со инвестициска компанија основана од Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Доналд Трамп – протести кои првично беа насочени против овој проект, но постепено прераснаа во пошироко движење со барање за оставка на премиерот.

Кул Маици - Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нетанјаху и Ајзенкот денеска на клучна средба во Херцлија: На маса формирање влада на национално единство со ротација на премиерската функција

Вучиќ не сака кандидат за претседател, но СНС сè уште не повика на бојкот: Кои три опции се на маса пред изборите на 27 декември?