во

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 15 НОЕМВРИ: На Водолијата ѝ треба друштво, Лавот нервозира, Рибите сакаат промени, а Бикот да си угоди себеси

✨ Дознајте дали дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа на вашиот знак.

♈

Овен

Се надевам дека овој ден ќе го искористите за да поминете време во движење. Ако такво нешто е неостварливо, барем искористете го овој ден да отидете заедно со саканата личност на блиското шеталиште и во природа. Ќе се опуштите и растеретите.

♉

Бик

Време е да поттикнете позитивни промени. За промена би можеле да се одморите наместо од рано наутро да размислувате што сè морате да направите и завршите. Исто така, за промена, дозволете ѝ на саканата личност да ви го организира денот. Уживајте, опуштете се.

♊

Близнаци

Вашите размислувања, но и потези денес се насочени кон емотивниот сегмент. Затоа – потрудете се целиот ден да го поминете со саканата личност. Доколку пак сте сами, одлично време е за излегување со пријателите бидејќи ви е потребно друштво, а не изолираност и обврски.

♋

Рак

Свесни сте дека сте запоставиле некои лични или семејни обврски и денес ќе се потрудите тоа да го исправите. Исто така, вториот дел од денот е добар за да се опуштите и да си посветите малку време на себе. Можно е денес да бидете надвор од некои поголеми друштвени случувања.

♌

Лав

Вие ќе се насочите кон емотивните контакти и кон саканата личност. Потребно ви е нејзиното присуство и блискост, особено бидејќи повремено во текот на овој ден ќе се чувствувате несигурно. Можни се бранови на нервоза секогаш кога ќе помислите на новата работна недела која е пред вас.

♍

Девица

Денес сте насочени кон домот, кон семејството, кон сегментот во кој сакате и посакувате да се почувствувате целосно сигурно. Уживајте во исполнетиот ден, а во вечерните часови ќе почувствувате и голема потреба да се видите со саканата личност или со некој кој ви е привлечен и интересен.

♎

Вага

Денес вашето поле на излегувања, движење, комуникација, кратки патувања и околина, е силно нагласено па би било прекрасно доколку овој ден го поминете со луѓето кои ги сакате и кои ви се драги, и тоа во некое кратко излегување, најдобро надвор од градот. Опуштете се целосно и растеретете се.

♏

Шкорпија

Толку многу ви е потребно да се опуштите и да си се посветите само на себе, а некако ви се местат ситуации кои ве нервираат или попречуваат. Расчистете го метежот и послушајте совет – овој ден поминете го со оние кои ги сакате, а ако не сте во можност за тоа, прошетајте и исчистете ги мислите.

♐

Стрелец

Благо променливи расположенија. Час во еуфорија и движење, час статични и на граница да се растажите. Некои проблеми ќе ве притиснат во вториот дел од денот, но „растерајте“ ги со помош на луѓето кои ви се блиски. Не дозволувајте ситниците да ви го расипат овој ден.

♑

Јарец

Некое проодно незадоволство повремено ќе се провлекува низ вашите мисли во текот на денешниот ден. Опуштете се и на поведриот начин размислувајте за некои теми, за иднината. Не оптоварувајте се себеси со она што морате да го направите, туку своите мисли насочете ги кон она што можете да го направите, но за себе.

♒

Водолија

Ден како создаден за да бидете опкружени со луѓе. Не се затворајте дома или во самотија, туку бидете друштвени и во контакт со оние кои ги сакате. Вистина е дека ви е потребно време и за себе и за своја лична релаксација, одмарање, но тоа нека биде во некои доцни попладневни часови.

♓

Риби

Време е малку да излезете од дома. Не се изговарајте со недостаток на време и обврски, потребно ви е да вдишете свеж воздух и да ја промените околината. Сега не ви одговара да бидете сами, потребни ви се пријателите и некои драги лица околу вас.
Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Временска прогноза: Повремен дожд денеска, од понеделник невообичаено топло за ноември

КИНЕСКИ НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Она што долго се чекаше конечно доаѓа, но нема сите да бидат со таа среќа – напротив