
✨ Дознајте дали дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа на вашиот знак.
♈
Овен
Во претпладневните часови водете сметка за својата концентрација, бидејќи сте благо расеани и можни се грешки во работата. Проверете сè двапати за да можете да исправите на време. Попладнето може да се чувствувате малку исцрпено и уморно. Ќе ви годи контактот со партнерот.
♉
Бик
Доста напорен, но плодоносен ден е пред вас. Ќе решите недоразбирање со деловен соработник или колега. Попладнето пак е совршено за емотивни контакти. Некои дури можат да запознаат нова личност на прошетка или на социјалните мрежи, можеби преку пријатели.
♊
Близнаци
Во некаков „празен од“ сте со работата во претпладневните часови, па ќе ви треба време да се сосредоточите на своите обврски. Силно размислувате за некој што ве интересира, планирате да се придвижите и да остварите контакт, но прашање е дали токму денес ќе се осудите на таков потег.
♋
Рак
Искористете го овој ден да го одработите сето она што ви е итно или со кое доцните, бидејќи е вистински момент да затворите некои обврски. Партнерот повремено покажува љубомора или ве притиска со своето однесување. Засега не реагирате, надевајќи се дека овие ситуации ќе се променат.
♌
Лав
Претуркавте некоја голема деловна обврска или симнавте грижа од врат и се чувствувате издишано. Не сте во фазон за некои големи деловни активности, па главно ќе се „моткате“ надевајќи се дека што поскоро ќе дојде крајот на работното време. Можно е да имате тајно допишување, комуникација, пораки…
♍
Девица
Денес некој од колегите ќе ве моли за пријателска услуга. Во суштина, веројатно е дека ќе морате да преземете дел од обврските кои не се ваши. И покрај тоа што работниот ден ќе ве исцрпи, сепак ќе имате доволно разбирање за потребите на партнерот за присутност и нежност.
♎
Вага
Одличен ден е да се закопате во своите обврски и да не кревате глава. Сите денес нешто ве влечат, па очекувајте дека малку ќе ви ја пореметат работната рутина. Но, затоа вашата сакана личност има феноменални планови кои дефинитивно ќе ви го разубават денот и ќе ве орасположат.
♏
Шкорпија
Не ви се допаѓа што некој од колегите не функционира онака како што сте се договориле, иако морате да признаете дека неговиот начин на работа е подобар и дека носи побрзи резултати. Вториот дел од денот е одличен во емотивна смисла, бидејќи ви претстои уживање и добро расположение со саканата личност.
♐
Стрелец
Иако вие навистина се трудите, некои работи во деловниот сегмент не функционираат како што треба. Сепак, ова е краткотраен застој, поради кој не морате посебно да се грижите. Вашата сакана личност денес ќе најде вистински начин како да ви пријде и да ве заинтересира за своите планови.
♑
Јарец
Јасно ви е дека некој од деловните соработници не ги прави работите како што треба, но се двоумите дали воопшто да го покренете тоа прашање. Денес може да има некои разминувања со колегите, функционирајте полека и без импулсивност. Во емотивните односи блага раздразливост и кај вас и кај партнерот.
♒
Водолија
Своите обврски успеавте да ги завршите на време, иако веројатно само вие знаете како. Можеби би требало да проверите уште еднаш сè она што сте го сработиле… Чувствувате силна потреба за саканата личност, но можно е да успеете да се видите само накратко, и тоа во текот на попладневните часови.
♓
Риби
Информациите кои ви се вредни и кои ги чекавте пристигнуваат кон средината на овој ден. Ќе биде потребно да изреагирате брзо и да не ја пропуштите приликата која е пред вас. Денот е поволен и во емотивна смисла, особено ако неодамна сте запознале некого. Добра комуникација и оптимизам.
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден







