во

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 4 СЕПТЕМВРИ: Близнаците исцрпени, Овенот не дава на себе, Девицата нервозна, а Лавот се сомнева

✨ Дознајте дали дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа на вашиот знак.

♈

Овен

Се обидувате некому на убав начин да му дадете до знаење да не ви се меша во работата, но оваа личност не реагира. Ќе бидете поодлучни и построги од вообичаено и нема да дозволите некој да ви ги расипува плановите. Се чувствувате сигурно покрај саканата личност и тоа многу ви годи.

♉

Бик

Работите изгледаат полошо отколку што навистина се. Малку субјективно гледате на некои ситуации. Ако сметате дека сте доживеале неуспех, обидете се да анализирате каде била вашата грешка. Непотребно ја провоцирате саканата личност со флертување за време на заедничкото излегување.

♊

Близнаци

Повремено ќе помислите дека би било подобро денот да го преспиевте. Можни се недоразбирања и тензии на работа. Со некои колеги навистина ќе биде тешко да излезете на крај. Ова доста ќе ве исцрпи па нема да бидете во најдобра волја ниту во контактот со саканата личност.

♋

Рак

Ве следи добро расположение во текот на целиот ден иако баш и не ви цветаат рози во деловниот сегмент. Сепак ќе успеете доста од обврските да приведете кон крај. Доаѓате во контакт со интересни луѓе. Со емотивниот партнер напнато.

♌

Лав

Ќе имате чувство дека главата ви е како балон уште од раните утрински часови. Сето ова е последица на некои ситни, но иритантни проблеми кои се трупаат. Можете да забележите дека низ навидум нормалната комуникација со партнерот, и тоа како се провлекува неговата љубомора.

♍

Девица

Навистина ви пречи што некој друг ги собра признанијата и заслугите за она што вие го сработивте. Ќе бидете многу нервозни и прашање е дали ќе можете да се воздржите и да не го кажете она што го мислите. Нерасположението ќе го пренесете и во односот со емотивниот партнер.

♎

Вага

Нетрпеливост, брзање и отприлика кон средината на денот нема да знаете каде се наоѓате, бидејќи ќе бидете оптоварени и со своите, но и со туѓите обврски. За емотивните односи најдобри се попладневните часови, бидејќи пред тоа ќе ви треба да одвоите малку време само за себе.

♏

Шкорпија

Многу обврски ви останаа од претходниот период, а сето тоа од причина што бевте насочени само кон приоритетите, а останатото го запоставивте. Денес некој ќе ве потсети на сè она што не сте го сработиле. Прашање е дали ќе имате време и волја за емотивниот партнер.

♐

Стрелец

Вас ве притиска надредена личност или соработник, а вие овој притисок го префрлате на луѓето со кои сте непосредно поврзани. Веројатна е тензија во деловното опкружување. Вие и емотивниот партнер како намерно да се трудите да се изнервирате едно со друго.

♑

Јарец

Иако мислите дека малку ви фали за да завршите една обврска навреме, веројатно е дека до крајот на денот ќе морате да бидете посветени на ова. Дури и тогаш е прашање дали ќе сработите сè без грешка. Дури и ако имате емотивен партнер, денес сте си доволни самите на себе.

♒

Водолија

Некој толку ќе ве изнервира, што прашање е дали ќе успеете да ја задржите контролата над себе. Како сите да ги гледаат само своите интереси, единствено вие се обидувате да направите нешто за сите. Потребна ви е заштитничка прегратка од страна на саканата личност.

♓

Риби

Принудени сте да побарате колегијална или пријателска услуга, што воопшто не ви е мило. Ве нервира тоа што, помагајќи им на другите, ги запоставивте своите обврски. Чувствувате емотивна растргнатост. Најрадо би побарале објаснување од партнерот за неговите постапки.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЛЕТОТО НЕ СЕ ПРЕДАВА: Сончево и топло време со температури до 33 степени ширум земјава!

Не знаете што за ручек? Направете бечарац со јајца – евтино, брзо и неверојатно вкусно