
Дознајте дали на вашиот знак дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа.
Астролог Олга Савиќ
ОВЕН
На вистински начин се однесувате и им приоѓате на луѓето со кои соработувате. Постои разбирање и добри можности да се оствари задоволителен договор. За слободните Овни следува многу интересно познанство преку деловниот сегмент.
БИК
Некои ситуации денес сепак одат во ваша корист, иако во еден момент вам ви изгледало дека сте ја пропуштиле својата прилика. Полесно го остварувате она што сте го планирале. Односот со саканата личност е многу поттикнувачки и исполнет со интересни случувања.
БЛИЗНАЦИ
Интересна понуда може да дојде до вас. Шанса која ви овозможува да направите деловен пресврт. Послушајте ја интуицијата, но и советите од оние кои ви се блиски. Емотивниот партнер може да ве изненади со голем гест, зборови или постапка.
РАК
Многу работа и обврски во претпладневните часови, но и многу позитивна енергија која ве носи. Денес можете да остварите и значајни деловни контакти. Сè што е поврзано со љубовта сега ви носи насмевка на лицето, без разлика дали сте зафатени или слободни.
ЛАВ
Одличните идеи и креативноста ви помагаат да ги решите ситуациите кои ви се важни или на полесен начин да ги завршите обврските што ги имате. Ден поволен за оние кои се занимаваат со приватни бизниси. Со саканата личност денес полесно се договарате околу сè.
ДЕВИЦА
Одлична комуникација со соработниците, ден поволен за договори и остварување нови соработнички контакти. Лесно продирате во суштината на работите и ќе бидете интересен соговорник. Можно е многу интересно ново познанство кое ќе ве „разбуди“.
ВАГА
Во работата сè оди како што треба, па потоа доаѓа до мал застој за сè повторно да тргне онака како што сте планирале. Во превод – немојте да се изморите ниту да се откажете на првите препреки кои ќе се појават. Со саканата личност добар контакт и разбирање.
ШКОРПИЈА
Се случуваат и пријатни, но и непријатни ситуации во текот на овој ден – но, поентата е дека тие, било добри или лоши, само ве туркаат напред и ве тераат уште повеќе да „грабите“ кон своите цели. Можност за исклучително пријатно, ново познанство.
СТРЕЛЕЦ
Можеби на почетокот олесно ќе доживеете некои ситуации, но брзо ќе сфатите дека морате да им посветите повеќе внимание за да ги решите. Денот е добар на полето на финансиите – можни се повеќе приливи. Некој кој од скоро го познавате флертува со вас и тоа ви годи.
ЈАРЕЦ
Првиот дел од денот носи неорганизираност, но многу брзо вие ќе фатите чекор со случувањата и ќе покажете што знаете и умеете. Сè завршувате во од, попатно. Емотивниот партнер покажува јасни знаци дека сака дополнително да ви се приближи. Убави моменти.
ВОДОЛИЈА
Сè се одвива во согласност со вашите желби и надежи. Додуша, повремено можете да чувствувате бранови на загриженост поради некои ситуации, но она што се случува на дневна база ви дава надеж дека сè оди како што треба. Многу сте подготвени за флертување.
РИБИ
Нервозата и брзањето се присутни само во утринските часови, или во првиот дел од денот – подоцна веќе фаќате чекор со случувањата и функционирате на вистински начин. Нови луѓе се во вашето опкружување и некои од нив покажуваат големо интересирање за вас.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







