
Дневен хороскоп за Бадник (6 јануари): Бикот ќе сретне стара љубов, Близнаците под стрес, а Вагите се повлекуваат
Додека се подготвуваме за Бадниковата вечера, астролошките аспекти носат динамика. Овните и Стрелците ќе имаат деловен успех, но Јарците ги мачат долгови, а Водолиите едвај го задржуваат бесот. Еве што ви предвидуваат ѕвездите за денес:
Овен
Ова можеби е напорен, но и многу исплатлив ден. Шефовите ќе ве притиснат со барања, но ќе успеете да се докажете. Во љубовта, ако почуствувате љубомора и посесивност, обидете се да се контролирате пред празниците.
Бик
Сте направиле сè што е до вас на деловен план, сега само треба да чекате. Ѕвездите најавуваат можност за неочекувана средба со поранешен партнер или личност која некогаш ве привлекувала. Дали е тоа паметно на ваков ден?
Близнаци
Расположени сте за работа и покрај препреките. Сепак, денот ќе биде емотивно и деловно стресен поради соработниците кои ви го одвлекуваат вниманието. Емотивно – ве очекува страстен ден.
Рак
Најважно денес е да не форсирате никого, но и да не дозволите другите да ве оптоваруваат. Во љубовните односи страста се засилува. Ако се појави љубомора, едноставно занемарете ја и фокусирајте се на празникот.
Лав
Старите грешки излегуваат на површина и тоа не ви се допаѓа. Потрудете се да ги поправите. Во комуникацијата со партнерот сте премногу захтевни и исклучиви – на овој начин нема да постигнете договор.
Девица
Што направивте – направивте. Ситуацијата понатаму не зависи од вас и денес веројатно нема да добиете одговор. Чувствувате несигурност во комуникацијата со личноста која ви се допаѓа.
Вага
Незадоволни сте од колегите, а гледате дека и тие не се среќни. Денес не сте расположени за партнерот – повеќе ви одговара да се повлечете во себе и да бидете сами.
Шкорпија
Решени сте да завршите некои работи и одите до крајни граници. Во емотивниот сегмент, премногу се оптоварувате со работи врз кои немате влијание. Бидете трпеливи.
Стрелец
Одличен момент за силен деловен договор, иако условите се комплицирани. Ви се отвора можност да запознаете нова, интересна личност токму преку работата.
Јарец
Не бидете тврдоглави во разговорите, ќе си ги расипете шансите. Ве мачат финансиски грижи и долгови. Во љубовта – премолчувате нешто важно пред саканата личност.
Водолија
Смачено ви е од некои ситуации и луѓе. Најрадо би им кажале сè во лице, но се контролирате. Притисокот на работа расте, а во љубовта премногу го анализирате секој свој потег.
Риби
Се обидувате да постигнете сè на повеќе страни, но без голем успех. Фокусирајте се на едно нешто. Добрата вест е што се чувствувате посигурно во љубовта – се надевате дека лошиот период е зад вас.
-
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден







