во ,

Путин удира по американскиот џеб: Руски дронови ја уништија фабриката на гигантот „Банџ“ во Днипро

Киев алармира: Русија почна систематски да ги бомбардира американските компании во Украина

Нова ескалација на теренот. Украинскиот шеф на дипломатијата, Андриј Сибиха, обвини дека Москва намерно ги таргетира бизнисите со американски капитал, откако руски дронови го разораа погонот на земјоделскиот гигант „Банџ“ (Bunge) во градот Днипро.

„Ова не е грешка, туку порака до Вашингтон“

Супер Попуст -25%

Градоначалникот на Днипро, Борис Филатов, потврди дека фабриката е погодена, но министерот Сибиха отиде чекор понатаму во толкувањето. „Овој напад не беше грешка – беше намерен. Русите неколкупати се обидоа да го погодат ова претпријатие“, напиша тој на мрежата Икс.

Според Киев, овие систематски напади врз американскиот бизнис покажуваат „целосно непочитување на Владимир Путин кон мировните напори предводени од САД“. Ова доаѓа во момент кога Вашингтон се обидува да иницира преговори за крај на војната.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ердоган до Трамп: Не ја туркајте Венецуела во хаос, го кршите меѓународното право

Дневен хороскоп за 6 јануари: Бикот ќе налета на „бившиот“ за празник, Вагите се изолираат