во ,

ДНЕВЕН ХОРОСКОП 5. ФЕВРУАРИ: Денес Вагите конечно фаќаат мирен ритам, Јарците добиваат силен „поместувач“ за работа

Петокот носи повеќе стабилност и попрактични потези, со најсилна поддршка за Биковите и Јарците, додека Вагите полека се враќаат во рамнотежа.

Овен: Некои работи се влечат без јасна причина, но и твојата иницијатива знае да варира. Не се заглавувај во чекање, туку направи мал, конкретен чекор. Во љубовта, покажи интерес наместо да стоиш на дистанца.

Бик: Добар ден е пред тебе, со енергија и волја за договори и решенија. Можно е да добиеш вест за паричен прилив или појасна финансиска насока. Емоционално, контактот со личност што ти се допаѓа станува посилен и поотворен.

Близнаци: Денот те турка да ги средиш идеите и да си направиш план што може да се реализира. Внимавај да не градиш очекувања врз туѓи реакции. Можно е разочарување ако симпатијата не одговори како што си замислил.

Рак: Има шанса да започнеш разговор или иницијатива што одамна ти стои во глава. Малата несигурност нека ти биде знак за подготовка, не за откажување. Во врските, фокусот ти оди на твојата удобност и внатрешен мир.

Лав: Дел од дилемите ги остави зад себе, но незадоволството од работната позиција сè уште те чеша. Работите не се менуваат преку ноќ, па работи паметно, чекор по чекор. Во љубовта, бараш начин да ја освежиш врската со нешто искрено и едноставно.

Девица: Одличен момент за контакт со луѓе што можат да ти отворат врата или да ти дадат поддршка. Најмногу ќе ти помогнат тие со кои веќе имаш добра историја на соработка. Љубовно, денот е мирен и без непотребни драматизации.

Вага: Успеваш да се стабилизираш и да ги смириш внатрешните „вртлози“, па полесно гледаш решение за заплеткани ситуации. Оди полека и сигурно, целта ти е поблиску отколку што мислиш. Финансиски, доаѓа олеснување, а партнерот се труди околу тебе и тоа ти годи.

Шкорпија: Не си сосема сигурен колку можеш да им веруваш на луѓето со кои работиш, но остануваш мирен и стабилен. Не дозволуваш сомнежот да те разниша, туку држиш дистанца и мерка. Можно е многу романтичен контакт со личност што ќе те изненади на пријатен начин.

Стрелец: Имаш чувство дека за најмала промена плаќаш со премногу труд, па заморот се насобира. Сакаш партнерот да покаже повеќе разбирање, но и ти тешко попушташ и не сакаш да се приспособуваш. Ако спуштиш малку тон, ќе добиеш повеќе отколку со инает.

Јарец: Денес работите се поместуваат од мртва точка и добиваш шанса за важен деловен договор. Се отвора простор за конкретен чекор што долго го чекаше. Во врската, можен е компромис што не мора да биде совршен, доволно е да биде фер.

Водолија: Се фаќаш сериозно за обврските и сакаш да завршиш што е можно побрзо, без одложувања. Важно ти е да имаш контрола и јасен распоред. Односот со партнерот се подобрува, но најмногу ќе помогне ако зборуваш директно, без претпоставки.

Риби: Денес мислиш појасно и функционираш подобро, па вреди да бидеш активен затоа што можеш да постигнеш забележливи резултати. Можно е да стигнат вести за паричен прилив или олеснување во трошоци. Љубовно, има повеќе склад и полесно разбирање.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Потреси од Грција и Албанија ја „стегнаа“ југозападна Македонија, почувствувани во Охрид и Битола

Зеленски вели дека мир со Русија може да се постигне за помалку од една година