
Зеленски тврди дека мир со Русија може да се постигне за помалку од една година, но предупредува дека поразот би значел губење на независноста на Украина.
Украинскиот претседател во интервју за францускиот канал „Франс 2“ ја опиша војната како егзистенцијална, затоа што, според него, станува збор за самото постоење на државата. Тој рече дека ако Украина ја изгуби војната, ќе ја изгуби и независноста, а губењето на суверенитетот и можната апсорпција од страна на Русија би биле катастрофални за Украинците.
-
La Linea v5
699 ден
524.25 ден
И покрај тешките оценки, Зеленски изрази увереност дека таков исход нема да се случи и нагласи дека се надева на дипломатски крај на конфликтот. „Се надевам дека мирот ќе се постигне за помалку од една година“, порача тој, додавајќи дека војната треба да заврши преку преговори, а не преку бескрајна ескалација.
Зеленски повтори дека живее под постојана закана и дека имало неколку обиди за атентат, но дека опасноста со време станала дел од секојдневието. Тој наведе и бројки за загубите, велејќи дека потврдените украински загуби се 55.000 загинати, како и дека има значителен број луѓе кои се водат како исчезнати.
Во моментот, според информациите, во Абу Даби се одржуваат трилатерални разговори меѓу украинската, американската и руската страна, започнати вчера и продолжени денес. Сепак, Зеленски претходно оцени дека руските напади врз енергетската инфраструктура укажуваат на неподготвеност на Москва за вистински преговори.


