
Регулаторната комисија следната недела ќе ги утврди тарифите: Бислимоски тврди дека струјата нема да поскапи за домаќинствата.
Претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, увери дека новите одлуки за тарифите за пренос и дистрибуција, како и за цената на операторот на пазарот, нема да предизвикаат ценовен шок. По носењето на овие одлуки, ЕВН Хоум како универзален снабдувач ќе направи конечна пресметка која ќе биде доставена на увид до РКЕ.
Блоковите остануваат, целта е спас за ЕСМ
-
La Linea v4
699 ден
524.25 ден
Бислимоски потсети дека тарифниот систем се базира на блокови (воведен во 2022), што придонело за намалување на потрошувачката. Тој нагласи дека ова е клучно за финансиската стабилност на ЕСМ: со намалување на потрошувачката кај домаќинствата, на ЕСМ му се остава простор вишокот струја да го продава на слободниот пазар по 130 евра, наместо да го дава на ЕВН Хоум по загубарска цена од 65 евра.


