
Трансформација на претседателската функција
Иако според српскиот Устав претседателот е претежно церемонијална фигура, Вучиќ во изминатите девет години целосно ја промени таа логика, концентрирајќи ја извршната моќ во свои раце. Уште од неговата прва победа во 2017 година, тој лично ги најавуваше економските мерки, ги водеше преговорите за Косово и одржуваше директни контакти со Брисел, Вашингтон, Москва и Пекинг, додека премиерите се менуваа.
Деценија на протести и пресвртната точка во Нови Сад
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
Владеењето на Вучиќ го одбележаа бројни масовни протести, од „1 од 5 милиони“, преку еколошките блокади против „Рио Тинто“, до маршевите „Србија против насилство“ по масовните убиства во 2023 година. Сепак, аналитичарите оценуваат дека прекршната точка се случила на 1 ноември 2024 година, кога при уривање на надстрешницата на железничката станица во Нови Сад загинаа 16 лица.
Оваа трагедија го поттикна најмасовното граѓанско движење предводено од студентите, кои со слоганот „Корупцијата убива“ ги обвинија властите за системска некомпетентност. Протестите резултираа со оставка на тогашниот премиер Милош Вучевиќ, но судскиот епилог за трагедијата сè уште е заглавен во жалбените постапки, иако Апелациониот суд неодамна го потврди обвинението против 13 лица, меѓу кои и поранешниот министер Горан Весиќ.
Контроверзи околу „Генералштаб“ и судството
Незадоволството дополнително се продлабочи со случајот „Генералштаб“, кога преку лекс специјалис беше овозможено уривање на комплексот за да се отстапи простор за инвестиција на Џаред Кушнер. Откако Обвинителството за организиран криминал (ТОК) го обвини министерот за култура Никола Селаковиќ за фалсификување документи, инвеститорот се повлече. Вучиќ јавно го одбрани Селаковиќ, ветувајќи помилување доколку биде осуден, што предизвика остри критики за политичко влијание врз независноста на судството.
Тактичко повлекување и „Путинско сценарио“
„Аналитичарите се речиси едногласни дека оставката е тактички потег, а не заминување, потсетувајќи на моделот на Владимир Путин со ротација на функциите премиер и претседател, со оглед на тоа што Вучиќ немаше уставно право на трет мандат.“
На претстојните избори на 25 октомври, Вучиќ како носител на листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“ ќе се соочи токму со движењето кое го притисна да распише избори. Главен предизвикувач ќе му биде Студентската листа предводена од Илија Срдановиќ, во изборен процес кој ќе покаже дали граѓанскиот револт може да се преточи во реална политичка алтернатива.
-
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден -
La Linea v5
699 ден
524.25 ден -
Вонземјанин
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден







