
Законски стапки од 0,30% и 0,50% што со години стојат мртви на хартија
Во продолжение на реакцијата за најавените владини мерки за домување, од ДОМ укажуваат дека Македонија веќе има законски механизам за оданочување на празните станови, но тој со години не се спроведува во пракса. Согласно Законот за даноците на имот, додека граѓаните за станот во кој живеат плаќаат ефективна даночна стапка од 0,05 проценти, за секој стан што стои празен и не се издава подолго од шест месеци во текот на годината важи три пати повисок данок од 0,30 проценти.
Доколку сопственикот не пријави дека станот не се користи, законот предвидува казнен множител од пет пати повисок данок (0,50 проценти), а истата петкратна стапка важи и за сите неискористени државни и општински објекти. Сепак, од партијата посочуваат дека во пракса речиси никој не го плаќа овој данок, бидејќи општините и централната власт не ги вкрстуваат податоците од регистрите за пријавено живеалиште и договорите за закуп со потрошувачката на електрична енергија и вода, за разлика од земјите во регионот како Хрватска, која во 2026 година воведе задолжителен данок со дигитално вкрстување на базите на податоци.
Пет конкретни мерки на ДОМ за активирање на празните домови
Поради тоа, од ДОМ бараат итна и доследна примена на постојната законска регулатива преку пет мерки:
- Дигитално вкрстување на податоците: Општините и Управата за јавни приходи веднаш да ги вкрстат податоците за пријавено живеалиште и официјални договори за закуп со потрошувачката на струја и вода.
- Доследна наплата на законскиот данок: Целосна примена на трикратната и петкратната даночна стапка за долгорочно празните станови, наместо толерирање на нивното држење надвор од пазарот.
- Наменско слевање на средствата за домување на младите: Сите приходи собрани од повисокиот данок да се насочуваат директно во Фондот за достапно домување и за субвенционирање кирии на млади лица и млади брачни парови.
- Попис и активирање на државниот и општинскиот имот: Јавно објавување на сите празни државни и општински станови и објекти што подлежат на петкратен данок и нивно итно ставање во функција за поволен закуп.
- Даночно ослободување при долгорочен закуп за млади: Секој сопственик кој својот празен стан ќе го издаде на млади лица со пријавен договор од најмалку 10 до 12 месеци по достапна и регулирана цена, да биде целосно ослободен од зголемениот данок.
„Државата не може да глуми грижа за младите преку субвенции што завршуваат кај градежните инвеститори, додека истовремено ги толерира празните станови и сопствените закони ги држи во фиока. Решението за станбената криза не е во бетонизација на секоја слободна парцела, туку во праведна даночна политика што ќе ги отвори вратите на илјадниците празни домови“, се наведува во соопштението на ДОМ.
-
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден -
La Linea v16
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден







