во

ДРАМА ВО ГРЦИЈА: Противпожарен авион падна во Егејското Море, пилотот спасен од рибари!

Изнајмен противпожарен авион од типот „Ер трактор“ принудно слета во водите на Егејското Море во Грција, откако пилотот пријавил сериозни проблеми со моторот. За среќа, поголема трагедија беше избегната благодарение на брзата интервенција.
Овој драматичен инцидент се случил во неделата, во доцните попладневни часови, во областа Валти во Грција. Авионот учествувал во операциите за справување со огнените стихии кои беснеат низ земјата, кога моторот неочекувано откажал.Откако авионот слетал во морето, членови на екипажот на еден локален рибарски чамец први пристигнале на местото на настанот. Тие веднаш реагирале и успеале да го извлечат пилотот жив и здрав.

По пријавата за падот на авионот, кон областа биле итно упатени и три пловила на грчката крајбрежна стража, кои само констатирале дека спасувачката акција од страна на рибарите поминала успешно.

Супер Попуст -25%

Овој инцидент доаѓа во исклучително тежок период за Грција, која континуирано се соочува со сериозни пожари и е принудена интензивно да ги користи своите воздушни сили, што често доведува до преоптоварување на машините.

Во текот на ова лето, веќе беа регистрирани уште два сериозни инциденти со хеликоптери кои беа ангажирани во противпожарни операции.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

МОСКВА СО ТЕШКИ ОБВИНУВАЊА: Зеленски ги возвишува нацистите и се потсмева на својот дедо!

НОВ УДАР ЗА ТЕХЕРАН: Обединетите Арапски Емирати ги суспендираа сите економски врски со Иран!