во ,

ДРАМА НА ХАЛКИДИКИ: Евакуација по морски пат од плажата во Сивири поради огромен пожар!

Драматични моменти се одвиваат на првиот крак на Халкидики! Поради голем и сè уште неконтролиран шумски пожар што се движи од Касандрија кон Сивири, во тек е масовна евакуација на туристите и жителите по морски пат.

Пожарот избувнал околу 14 часот по локално време и со голема брзина се проширил низ регионот. Преку бројот за итни случаи 112 биле испратени дури четири предупредувања до граѓаните, како и три експресни наредби за итна евакуација на Сивири и Фурка. Оние кои не успеале да го напуштат местото по копнен пат, се префрлаат на безбедна локација во Сани директно од плажата.

Масовна акција по морски пат

Супер Попуст -25%

Во акцијата за спасување учествуваат патролни бродови и чамци од крајбрежната и противпожарната служба на Грција, најмалку девет приватни пловни објекти, а кон критичната точка се упатуваат и дополнителен патролен чамец и голем траект. Според неофицијалните податоци, досега се евакуирани над 250 лица, а слични активности се водат и на плажата во Фурка.

„Станува збор за исклучително тежок и голем пожар. Сите сили од земјата и воздухот се на терен за да ја стават огнената стихија под контрола,“ изјави заменик-портпаролот на противпожарната служба, Јанис Артопиос, потврдувајќи дека повредени се двајца пожарникари, додека меѓу граѓаните нема повредени.

Хитна мобилизација на противпожарните сили

Борбата со огнот се води од копно и воздух со засилени екипи. Интервенираат 148 пожарникари со 54 возила, вклучувајќи и специјален тим од Молдавија, додека од воздух дејствуваат девет авиони и три хеликоптери. Дополнителни засилувања во возила и персонал пристигнуваат со авион од Атина и од неколку други грчки градови.

За сите евакуирани лица, Министерството за климатска криза и цивилна заштита отвори специјална дигитална платформа во соработка со Грчката хотелска комора за нивно привремено сместување. Поширокиот регион на Халкидики денеска е ставен во четвртиот степен на опасност од избувнување пожари, а медицинските екипи се во зголемена готовност за итни интервенции.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

СУДЕЊЕТО ЗА СЛУЧАЈОТ „ЛОТАРИЈА“ ЗАПОЧНУВА НА 24 АВГУСТ: Артан Груби на обвинителна клупа!

ТАЖНА ВЕСТ ОД ХОЛИВУД: Почина легендарниот Винсент Пасторе, ѕвездата на „Сопранови“!