
Сериозен безбедносен инцидент го наруши работењето на аеродромот Лајпциг/Хале во источна Германија, откако во близина на украински товарен авион „Антонов“ бил пронајден дрон со сомнителен товар.
-
Пиво
699 ден
524.25 ден
Според безбедносни и медиумски извори, на дронот наводно биле прикачени експлозивна материја и детонатор. Германските власти засега не ги потврдија официјално овие детали, повикувајќи се на истрагата што е во тек.
Неколку авиони итно пренасочени
Алармот бил активиран непосредно пред полноќ, откако во просторот на аеродромот бил забележан неидентификуван летечки објект. Неколку авиони биле пренасочени кон други аеродроми, меѓу нив и еден патнички лет.
Еден товарен авион го прекинал пристапот кон пистата и подоцна безбедно слетал во Хановер. На леталото биле забележани полесни оштетувања, а се проверува дали во воздухот се судрило со друг непознат објект.
Робот го проверувал сомнителниот предмет
Во близина на јужната писта бил пронајден и сомнителен предмет. Полицијата испратила специјален робот за проверка и отстранување можни експлозивни направи.
Истражителите сега утврдуваат дали пронајдениот предмет, дронот и инцидентот со товарниот авион се директно поврзани. Засега не е објавено кој управувал со дронот, ниту како тој стигнал до строго контролираниот аеродромски простор.

Едната писта остана затворена
Операциите на северната писта биле обновени рано наутро, додека јужниот дел од аеродромот останал затворен поради полицискиот увид. Надлежните соопштија дека нема непосредна опасност за патниците и вработените.
Аеродромот Лајпциг/Хале е еден од најважните европски товарни центри и има значајна улога во транспортот на опрема за германската армија и сојузниците од НАТО. Тој служи и како оперативна база на украинската карго-компанија „Антонов ерлајнс“.
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
La Linea v4
699 ден
524.25 ден -
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден








