во

Економско чудо кај соседите: Црна Гора најавува минималец до 1.400 евра според програмата „Евро модел“

Драстичен раст на примањата ги очекува граѓаните на Црна Гора. Владата го усвои новиот економски план „Евро модел“ (EURO MODEL) според кој од јануари минималната нето-плата ќе достигне 1.000 евра, додека просечните пензии ќе надминат 600 евра.

Зголемување на платите за 250.000 работници

Новата програма предвидува сериозно зголемување на заработките во јавниот и во приватниот сектор, при што висината на минималната плата ќе биде скалеста и ќе зависи од степенот на образование на вработените. Така, минималната плата за лицата со основно и пониско образование ќе изнесува 1.000 евра. За вработените со средно образование предвиден е минимум од 1.250 евра, додека работните позиции за кои е потребно високо образование ќе гарантираат минимална плата од 1.400 евра.

Супер Попуст -25%

Опсегот на оваа владина програма опфаќа повеќе од 250 илјади вработени низ целата држава. Дополнително зголемување на платите е можно доколку социјалните партнери го прифатат барањето на Владата за подеднаква примена на повисокиот коефициент во двата сектора.

Историски раст на пензиите и зимски бонуси

Економскиот план носи одлични вести и за пензионерите. Од 2027 година, пензиите во Црна Гора ќе се прилагодуваат дури четири пати годишно. Според најавите, минималната пензија ќе надмине 500 евра, додека просечните пензии во април ќе се искачат над 600 евра.

„Како дополнителна поддршка за највозрасните граѓани, предвидено е секој пензионер во декември да добие дополнителни 100 евра за зимските месеци.“

Владата веќе го усвои овој модел на владина седница, а сега се очекува предлог-програмата „Евро модел“ да биде испратена на усвојување во Собранието на Црна Гора.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЕУ отвора геополитичка „френдзона“: По Канада, Австралија и Нов Зеланд добиваат статус на придружни членки

Метеоролошки монструм се истури врз Хрватска: Апокалиптични сцени и поплавени улици во Далмација