во ,

Експресен крај: Владата на Росен Жељазков поднесе оставка среде седница

Пресврт за 180 степени во Софија: Падна Владата на Жељазков, улицата победи!

Само еден ден откако лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, најави дека нема да има оставки пред 1 јануари, бугарската политичка сцена доживеа целосен колапс. Премиерот Росен Жељазков денеска официјално поднесе оставка на Владата, попуштајќи под огромниот притисок на масовните протести предизвикани од контроверзниот закон за буџетот. Шестиот обид за гласање недоверба во Парламентот, проследен со скандирања „Оставка“, се покажа како кобен за владејачката коалиција.

„Младите и старите го кренаа гласот“

Супер Попуст -25%

Во емотивно обраќање, Жељазков призна дека Владата ја потценила ситуацијата и покажала „претерана самодоверба“. Тој истакна дека оставката е чин на одговорност кон граѓаните:

„Младите и старите го кренаа гласот за наша оставка… Протестот треба да ги произведе своите лидери и да објави како ќе се одвива транзицијата. Ова мора да биде јасно пред гласањето за буџетот за 2026 година.“

Крај на политичкото преживување

Оваа влада, составена од ГЕРБ-СДС, БСП и ИТН (со поддршка на ДПС), претходно преживеа дури пет гласања за недоверба поврзани со корупција, животна средина и надворешна политика. Сепак, фискалната политика и буџетот беа „капката што ја прели чашата“. Премиерот сега го префрли притисокот врз опозицијата и демонстрантите, повикувајќи ги да изберат формални лидери за да се гарантира мирна транзиција во наредните турбулентни месеци.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Три години снимање во екстремни услови му донесе на Силјан нова номинација

Крај за „Зимзоленд“? Инспекциите наредија демонтажа, организаторите велат „продолжуваме“