
Совршената европска „френдзона“
Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, го претстави новиот концепт кој треба да функционира како трет пат – нешто помеѓу полноправно членство и статус на земја-кандидат (статус кој на Балканот премногу добро го познаваме како вечна чекална). Идејата е едноставна: посилно економско и политичко врзување со држави кои имаат слични вредности, но без компликациите кои ги носи вистинското проширување.
„Постојат земји со кои сакаме да ги продлабочиме нашите односи. Не се сомневам дека овој круг ќе се прошири и дека други ќе затропаат на нашата врата. Во вакви времиња на неизвесност, важно е да имаме пријатели“, порача Мецола, не криејќи ги амбициите на Брисел.
-
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден
Австралија и Нов Зеланд се логичен следен чекор, со оглед на тоа што Брисел веќе има трговски договори со нив. Што точно подразбира овој нов статус сè уште е во рана фаза на дефинирање, но се шпекулира за слободен пристап до критични суровини и заедничка регулатива во сфери како социјалните мрежи и заштитата на малолетници.
Трамп не губи време – следуваат закани со царини
Новиот геополитички маневар на Брисел не помина незабележано во Вашингтон. Канадскиот премиер Марк Карни очигледно гледа шанса за посилни врски со Европа токму во момент кога трговските односи со САД рапидно се влошуваат, инсистирајќи на сојуз меѓу таканаречените „средни сили“.
Сепак, американскиот претседател Доналд Трамп веднаш испрати недвосмислено предупредување. Тој отворено се закани дека би можел да воведе нови, ригорозни царини за Европската Унија доколку канадската авантура со „придружното членство“ се покаже како непријателска кон американските економски интереси. Останува да се види дали европскиот обид за создавање глобална мрежа на придружни членки ќе заврши како дипломатски триумф или како почеток на нова исцрпувачка трговска војна со САД.
-
La Linea v2
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
La Linea v13
699 ден
524.25 ден








