
Антониа Гиговска го објави жешкиот спот за новата песна „Специјалиста“
Поп-ѕвездата Антониа Гиговска ја претстави својата нова песна „Специјалиста“. Синглот е придружен со атрактивен видеозапис, кој ветува дека ќе стане хит за крајот на летото.
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Во спотот, Гиговска се појавува како сексапилна заводничка со долги плетенки. Нејзиниот изглед и енергичните танцови сцени одлично се вклопуваат во динамиката на песната.
Песната е посветена на скршените срца, но со оптимистичка порака. „Специјалиста’ е и за тие што скршиле срце и за оние на кои им било скршено срцето. И да се скршат и да боли, вреди… Љубовта секогаш победува, нели?“, порача пејачката.
Автори на песната се Лазар Цветкоски за музиката и аранжманот, а текстот го напишале заедно со Магдалена Ена. Режијата на спотот е на Даниел Јовески.


