во ,

Знам дека надвор е големо невреме, но неодамна останав вдовица, па луѓето би можеле сешто да зборуваат…

Перо и Ѓуро тргнале на скијање. Се возеле неколку часа и ги зафатило големо невреме. Се засолнале на некоја фарма и ја замолиле згодната госпоѓа која им отворила врата, кај неа да преноќат.

– Знам дека надвор е големо невреме, но неодамна останав вдовица, па луѓето би можеле сешто да зборуваат ако ви дозволам да преноќите кај мене дома – рекла вдовицата.

Реклама

– Немојте да се грижите, рекол Перо, ние ќе преспиеме во шталата, а штом времето се поправи, ќе си одиме!

Жената се согласила и тие преспале во шталата.

Утрото времето се поправило и Перо и Ѓуро си го продолжиле патот.

Остатокот од викендот го поминале уживајќи во скијањето.

Околу девет месеци подоцна, Перо ненадејно добил писмо од некој адвокат. Му требало некое време да разбере дека се работи за адвокатот на згодната госпоѓа од фармата.

Отишол тој кај Ѓуро, па го запрашал: „Слушај , се сеќаваш ли ти на згодната вдовица кај која што преспавме кога не фати невреме?“

„Да, се сеќавам“ одговорил Ѓуро.

„Дали ти можеби стана среде ноќ и ја посети госпоѓата?“

„Па…да“ рече Ѓуро, вцрвувајќи се бидејќи беше откриен.

„Морам да признам дека отидов кај госпоѓата“.

„И да те прашам, дали случајно се престави со моето име наместо со твоето?“

Ѓуро пребледел. „Да, така се преставив – извини другар, зошто прашуваш?“

„Неодамна починала и се ми оставила мене“ рекол Перо.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Професорот надмено вели: Птиците и свињите не седат заедно…

8 Урнебесни антимудрости на Хомер Симпсон