
Проектот поднесен пред ЕИБ и ЕБОР
Ова го најави премиерот Христијан Мицкоски за време на посетата на Делчево, истакнувајќи дека по јавната расправа е избрана една од двете разгледувани варијанти за трасата. Во моментов се изработуваат студијата за изводливост и еколошката студија, кои би требало да бидат завршени напролет, а паралелно се водат разговори со потенцијалните финансиери.
Мицкоски оцени дека реализацијата на овој експресен пат значително ќе ја подобри патната поврзаност на жителите од источниот дел на Македонија со останатите делови од државата.
Нови инфраструктурни зафати во Делчево
Покрај експресниот пат, премиерот најави и неколку тековни и претстојни проекти за регионот. Од понеделник треба да започне реконструкцијата на патниот правец од Делчево до граничниот премин со Бугарија, а завршена е и тендерската постапка за санација на мостот на излезот од Делчево кон Македонска Каменица и Кочани.
Во рамки на посетата, Мицкоски заедно со министерот за здравство Сашо Клековски и министерот за спорт Борко Ристовски изврши увид во градежните активности на Здравствениот дом „Гоце Делчев“, како и во почетокот на работите за реконструкција на градската спортска сала.
„Јас и вицепремиерот и министер за транспорт го претставивме проектот пред Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој. Апликацијата е веќе поднесена“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден -
La Linea v9
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден







