
Посебна средба во Даниловиот манастир
Средбата се одржа на 21 ноември во Патријаршиската и Синодална резиденција во Даниловиот манастир, каде што македонската делегација – предводена од митрополитот дебарско-кичевски Георгиј и епископот хераклејски Климент – престојуваше по повод 80-тиот роденден на рускиот патријарх.
Во своето обраќање, патријархот Кирил ја истакна словенската и духовната блискост, како и заедничката кирилометодиевска традиција, нагласувајќи ја радоста од можноста за заедничка молитва и богослужба. Од Одделот за надворешни црковни врски на Московската патријаршија посочија дека односите меѓу двете цркви активно се развиваат, особено преку образованието на македонски студенти во руските духовни училишта и разговорите за заеднички проекти.
Благодарност за поддршката и размена на подароци
Митрополитот Георгиј ги пренесе срдечните честитки од архиепископот охридски и македонски Стефан, изразувајќи благодарност за поддршката од Московската патријаршија во процесот на решавање на статусот на МПЦ-ОА и доделувањето на автокефалноста од Српската православна црква. Тој потсети дека дел од македонските студенти кои пред две децении се образувале во Русија денес се професори на Богословскиот факултет и во црковните институции во Македонија.
На средбата беа разменети и симболични подароци: македонската делегација му подари на патријархот Кирил икона на светите Кирил и Климент Охридски, додека рускиот патријарх испрати комплет од две панагии и напрсен крст за архиепископот Стефан, а со панагии ги даруваше и митрополитот Георгиј и епископот Климент.
„Нашата денешна средба е посебна: за првпат присуствувате како делегати на Македонската црква – помесна црква која доби законска автокефалија“, порача рускиот патријарх Кирил.
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
La Linea v2
699 ден
524.25 ден







