
Џонбене Патриша Ремзи имаше само шест години кога во декември 1996 година беше пронајдена мртва во семејниот дом во Болдер, Колорадо.
-
Пиво
699 ден
524.25 ден
Случајот привлече огромно внимание во САД и со години беше предмет на полициски истраги, медиумски анализи и бројни теории, но никој не беше осуден за нејзиното убиство.
Дете кое веќе било познато во јавноста
Џонбене е родена на 6 август 1990 година во Атланта. Нејзината мајка Петси била поранешна мис на Западна Вирџинија, додека таткото Џон Бенет бил успешен бизнисмен.
Уште како мала учествувала на детски избори за убавина, каде освојувала повеќе титули, а настапувала и со пеење и танцување.
Исчезнувањето било пријавено по Божиќ
Во ноќта меѓу 25 и 26 декември 1996 година било пријавено нејзиното исчезнување од семејниот дом.
Неколку часа подоцна, нејзиниот татко ја пронашол во подрумот на куќата, по што започнала истрага која ќе стане една од најпознатите нерешени криминални мистерии во американската јавност.
Случајот отвори дебата за детските избори за убавина
По трагедијата, големо внимание беше насочено и кон светот на детските избори за убавина.
Критичарите предупредуваа на прекумерната шминка, облекувањето и начинот на кој малите деца се претставуваат пред јавноста, додека семејството на Џонбене тврдеше дека учеството за нив било само форма на забава.
Децении без конечен одговор
И покрај обемната истрага, огромниот медиумски интерес и бројните шпекулации низ годините, случајот остана без осудено лице.
Семејството понуди и награда од 100.000 долари за информации што би помогнале во откривањето на одговорниот, но мистеријата околу смртта на шестгодишната Џонбене продолжи да ја интригира американската јавност.
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
La Linea v13
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
Кафе пауза на месечината
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден








