
Јавен повик за изградба на „Патека на бесконечноста“
Преку Здружението на граѓани „16-ти Март 2025 – Кочани“, семејствата кои во пожарот ги загубија своите најблиски започнаа акција за собирање финансиски средства потребни за реализација на спомен-обележјето. Според замислата, меморијалниот парк треба да претставува достојно место за тишина, молитва и трајно сеќавање, каде имињата на загинатите младите ќе останат сочувани за идните генерации.
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден
Од Здружението информираат дека основниот проект за изградба на паркот веќе е целосно подготвен, а сега следи фазата на обезбедување средства преку хуманоста на граѓаните, општествено одговорните компании, институциите и организациите од земјата и странство.
Порака за солидарност и човечност
Иницијативата наидува на голем одѕив кај јавноста, а организаторите нагласуваат дека секој индивидуален придонес има непроценлива вредност за остварување на оваа хумана цел.
„Не е важна големината на донацијата. Важна е човечноста што стои зад неа. Секој придонес ќе биде чекор поблиску до местото каде што спомените ќе живеат, а љубовта ќе продолжи да зборува.“ — порачуваат од Здружението „16-ти Март 2025 – Кочани“.


