во ,

Инспекторите ја прекинаа забавата: Кривични пријави за пејачка и музичари од БиХ во кичевски локал

Засилена акциска контрола во Кичево: Полицијата и инспекторатите „уловија“ музички бенд од Босна и Херцеговина кој настапувал на црно

Во текот на ноќта помеѓу 29 и 30 ноември 2025 година, службеници од ОВР Кичево и Регионалниот центар за гранични работи Запад, во координирана акција со Државниот пазарен и Државниот трудов инспекторат, спроведоа засилена контрола во угостителските објекти. Акцијата, која била реализирана врз основа на претходно изготвен оперативен план, се фокусирала на објект лоциран на магистралниот пат Кичево-Охрид, каде биле затекнати странски државјани кои работеле нелегално.

Петмина музичари заработија пријави за прекршување на Законот за странци

Супер Попуст -25%

При контролата, инспекторите и полицијата легитимирале пет лица од Босна и Херцеговина – 23-годишна пејачка (Џ.Р.) и четворица членови на бендот на возраст од 24 до 28 години (К.Џ., Е.П., Ф.Ј. и И.К.). Утврдено е дека тие ги забавувале гостите без претходно да обезбедат соодветна работна дозвола, што е спротивно на регулативите во земјава. Поради ова, сторен е прекршок по член 23 од Законот за странци, па на сите музичари им е поднесена прекршочна пријава до Основниот суд во Кичево, согласно законските одредби за нелегална работа на странски државјани.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ГОЛЕМ МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП ЗА ДЕКЕМВРИ: Еве што ви подготвиле ѕвездите овој месец

Збогум на кривините на Стража: Пробиени 17 километри од новиот автопат кон Охрид!