
Жена исчезна во околината на Јурумлери, при што последен пат била видена на автобуската станица. Според информациите од нејзиното семејство, таа на себе носела зелен дуксер со црни шари, бели фармерки и црни чизми.
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден
Ќерката на исчезнатата жена објави апел на социјалните мрежи, барајќи помош од јавноста за пронаоѓање на нејзината мајка. Семејството активно учествува во потрагата и замолува сите кои имаат информации да се јават или да се обратат до најблиската полициска станица.
Во моментот, исчезнувањето не е пријавено во последниот билтен на Министерството за внатрешни работи, но се очекуваат повеќе детали во текот на денот.


