
Нема ништо поедноставно, ниту повкусно од чинија топла домашна супа.
Без разлика дали станува збор за класична пилешка супа, варијанта со зеленчук или егзотична крем-супа, овој универзален оброк ги спојува вкусот, аромата и чувството на дом. За многумина, супата е повеќе од храна, а овој едноставен рецепт за супа веднаш ќе ви се допадне, особено затоа што не бара да поминете многу време покрај шпоретот.
Состојки за домашна супа:
- Домашни тестенини (фиде) за супа
- 1-2 пилешки копани
- 1 среден морков
- 1 пилешко крилце (по желба, за побогат вкус)
- Сол, бибер
- Сечкан магдонос
- 1 коцка за супа (пилешка или зеленчукова)
- Малку масло
Подготовка на домашната супа:
- Наполнете едно подлабоко тенџере со вода (повеќе од половина) и ставете ги копаните и крилцата да се варат. Посолете ја и побиберете ја водата.
- За тоа време, исчистете го морковот и исечете го на тркалца.
- Кога месото е веќе полуварено (малку омекнато), додадете ги тркалцата од морковот во тенџерето.
- Оставете сè заедно да се крчка додека и морковот не омекне.
- Додадете ја коцката за супа и две лажици масло.
- Намалете ја температурата и додадете ги домашните тестенини (фиде). Варете уште 5-10 минути, или според упатството на тестенините, додека не се сварат.
- Тргнете го тенџерето од оган и додадете го свежо сечканиот магдонос.
Домашната супа е подготвена за јадење. Пријатен апетит!
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







