
Каја Гербер, 24-годишната ќерка на легендарната Синди Крафорд, продолжува да ја освојува модната сцена, овојпат како амбасадорка на брендот „Манго“.
Младата манекенка и актерка беше забележана на вечерно излегување во Беверли Хилс, носејќи впечатлива комбинација од новата колекција на брендот: крзнено палто во боја на боровинки врз класичен црн мини фустан. Нејзиниот изглед уште еднаш ја потсети јавноста на неверојатната сличност со нејзината мајка од времето на 90-тите.
Инспирација од мама: „Ако ѝ стои добро неа, ќе ми стои и мене“
-
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден

Каја, која тргна по стапките на мајка си (која исто така беше лице на овој бренд, заедно со Клаудија Шифер и Наоми Кембел), открива дека често бара инспирација во старите фотографии на Синди. „Убавото нешто во тоа што многу личам на мајка ми е тоа што ако сакам да знам дали косата или шминката ќе ми стојат добро, ќе ги погледнам нејзините слики – бидејќи ако ѝ стојат добро неа, најверојатно ќе ми стојат добро и мене“, вели таа.


