
Состојки за совршено меко тесто
Особената предност на овој рецепт се крие во едноставноста на подготовката. Нема комплицирани чекори ниту скапи состојки, а сè што ви е потребно најчесто веќе го имате во кујната.
-
Џаст До Ит!
699 ден
524.25 ден
За подготовка на тестото потребно ви е:
- 3 јајца
- 1 чаша јогурт
- 1/2 чаша масло
- 5 чаши брашно (по потреба малку повеќе или помалку)
- сол по вкус и 1 прашок за печиво
За филот ќе ви бидат потребни околу 100 мл кечап, 250 грама шунка и 250 грама кашкавал, но секако можете да го приспособите според вашиот вкус и состојките во фрижидерот.
Едноставна и брза подготовка
Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени Целзиусови. Во поголем сад изматете ги јајцата, јогуртот и маслото. Додадете ги солта и прашокот за печиво, па постепено додавајте го брашното додека не добиете меко и мазно тесто. Префрлете го тестото на набрашнета работна површина, развлечете го со сукало и со чаша или калап вадете кругови.
Наредете ги круговите во плех обложен со хартија за печење. Средината на секое парче благо вдлабнете ја со прстите за филот да остане на место. Ставете кечап, ситно сечкана или рендана шунка и обилно посипете со рендан кашкавал.
„Печете помеѓу 15 и 20 минути, односно додека тестото не добие златна боја, а кашкавалот убаво не се растопи. Овие мини пици се идеални за брз појадок, вечера или како послужување за гости бидејќи остануваат меки и вкусни дури и кога ќе се изладат.“


