во ,

Конечен крај на хаосот пред болниците: Клинички центар добива гаражи што ќе го решат проблемот со паркирањето еднаш засекогаш

Долгогодишната голгота со паркирањето пред најголемата здравствена установа во земјава конечно заминува во историјата, откако денеска официјално беше најавена изградбата на две нови монтажни катни гаражи во рамки на Клиничкиот центар.

Оваа вест, која со нетрпение ја чекаа и пациентите и медицинскиот персонал, ја соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. По координативниот состанок со министерот за здравство Азир Алиу и директорите на јавните претпријатија, потврдено е дека проектот влегува во фаза на реализација и ќе обезбеди нови 500 паркинг места.

Крај на хаосот и блокираните амбуланти

Супер Попуст -25%

Со децении, пристапот до клиниките беше вистински кошмар, со возила паркирани на тротоари кои често го блокираа патот на возилата на Итната медицинска помош. Новите објекти треба трајно да го решат овој проблем.

„Станува збор за конкретно и функционално решение кое директно ќе го олесни секојдневието на здравствените работници, но пред сè на пациентите од целата држава кои доаѓаат на лекување“, истакна Ѓорѓиевски.

Поддршка од Владата за „новата ера“ на Скопје

Проектот се реализира во тесна координација со премиерот Христијан Мицкоски и Владата, што според градските власти е доказ за заедничката посветеност кон решавање на реалните проблеми.

Изградбата ќе ја води Град Скопје преку ЈП „Градски паркинг“, а целта е да се воведе ред и безбедност според современи урбанистички стандарди, ставајќи крај на сликите на нервозни граѓани кои кружат со часови барајќи место за паркинг.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Финансиски удар за илјадници скопјани: Почнаа блокадите за данок и еве како да проверите дали должите пари

Повремен дожд наутро и разведрување попладне низ земјава