во

Кој ги убива бизнисмените во Бугарија? Застрелан Слави Бинев, трето убиство за помалку од 90 дена

Познатиот бугарски бизнисмен, поранешен европратеник и претседател на Бугарската федерација по таеквондо, Слави Бинев, вчера беше застрелан во својот дом во Софија, со што продолжи црната серија на ликвидации во бугарските бизнис-кругови.

Трето убиство на бизнисмен во нецели три месеци

Ова е трет ваков случај што ја потресува бугарската јавност за помалку од 90 дена. На крајот на јули во Банкија беше пронајден мртов бизнисменот Владимир Јанков, а на 30 септември во Пловдив беше застрелан Илијан Филипов, претседател на фудбалскиот клуб „Ботев“. Иако засега нема јавно потврдена поврзаност, хронолошката близина на овие злосторства предизвикува огромна загриженост во општеството.

Супер Попуст -25%

Бинев беше препознатлива фигура на бугарската транзиција, човек кој ги поврзуваше спортот, приватниот бизнис и политиката. Освен европската титула во таеквондо од 1992 година, неговото име беше поврзано со повеќе деловни субјекти во ноќниот живот и градежништвото, како и со политички функции во Европскиот и бугарскиот парламент.

 

Апсење на автопат и сомнувања за финансиски спор

Полицијата веќе уапси тројца мажи кои, според информациите, биле чести гости кај Бинев. По пукањето, тие се обиделе да побегнат со автомобил, но биле пресретнати и запрени кај тунелот „Трајанови врати“ на автопатот „Тракија“, каде што им биле пронајдени две оружја.

„Првичните податоци од истрагата упатуваат на нерасчистен финансиски спор. Во оваа фаза нема основа случајот да се означи како нарачано убиство“, изјави вршител на должноста главен секретар на бугарското МВР, Љубомир Николов.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пет можни сценарија за изборите во Србија: Од убедлива победа на Вучиќ до политичка блокада

Огромни редици пред избирачките места: Србија гласа на историски избори во сенка на длабока криза