
Хармонизација со европската визна политика
Црногорската влада усвои информација за потребата од раскинување на постојните меѓународни договори кои досега им овозможуваа слободно патување на граѓаните од овие земји. Во образложението јасно се наведува дека Црна Гора, како земја кандидат за членство во ЕУ, е должна целосно да ја усогласи својата визна политика со заедничките европски регулативи.
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден
Овој потег е продолжение на јулската одлука на владата, според која од почетокот на ноември визи ќе им бидат потребни и на државјаните на Кина и Саудиска Арабија.
„Имајќи предвид дека овие прашања се регулирани со меѓународни договори склучени од Владата на Црна Гора, потребно е да се преземат активности насочени кон поништување на важноста на договорите со овие земји“, стои во владиното соопштение.

Крај за слободниот 30-дневен престој
Според досегашните правила кои ќе важат заклучно со 31 октомври, граѓаните на Русија и Белорусија можеа слободно да престојуваат во Црна Гора до 30 дена само со валиден пасош. Од 1 ноември, овој режим трајно се менува и тие ќе мора да ги исполнат условите предвидени со новиот визен режим.
Истовремено, Подгорица планира да склучи нов, ревидиран договор со Турција, кој ќе важи исклучиво за носителите на дипломатски, службени и специјални пасоши. Целта е да се задржи континуитетот на безвизниот режим само за овие категории, користејќи ги исклучоците кои ги дозволува правото на ЕУ.
Од Министерството за надворешни работи потенцираат дека хармонизирањето на визната политика е клучно за исполнување на критериумите од преговарачкото Поглавје 24 – Правда, слобода и безбедност.
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v1
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
Јога шимпанзо
699 ден
524.25 ден








