Руски ракетен напад вчера ја потресе Украина, при што најмалку 18 лица, од кои девет деца, загинаа во Крив Рог, родниот град на претседателот Володимир Зеленски. Нападот предизвика големи разурнувања, оштетени се станбени згради и возила, а повеќе од 60 лица се повредени.
Според украински извори, во нападот биле погодени 20 станбени згради, а оштетени се над 30 возила. Шефот на воената администрација на регионот Дњепропетровск, Серхиј Лисак, изјави дека повеќе од 30 лица, меѓу кои и едно тригодишно дете, се хоспитализирани. Вкупно 61 лице, меѓу кои 12 деца, побарале медицинска помош.

-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
Претседателот Зеленски остро го осуди нападот, истакнувајќи дека „сите руски ветувања завршуваат со ракети, беспилотни летала, бомби и артилерија“ и дека „дипломатијата не им значи ништо“.
Од друга страна, руското Министерство за одбрана тврди дека целта на нападот бил воен собир во Крив Рог, каде што биле присутни украински команданти и западни инструктори, при што наводно биле убиени 85 лица.
Украинската војска ги демантираше овие тврдења, посочувајќи дека ракетата погодила станбена зона со детско игралиште и дека станува збор за балистичка ракета „Искандер-М“ која експлодирала во воздух за да нанесе што повеќе жртви.

По ракетниот напад, според украинските власти, следел и напад со беспилотни летала кои целеле цивилни домови, при што загинала 56-годишна жена, а пет лица биле повредени. Дрон од типот „шахед“ ја погодил куќата на починатата.
Rescue operations are currently underway in Kryvyi Rih following a Russian missile strike. As of now, 16 people are confirmed dead, including six children. In Kharkiv, rescue efforts continued all day after a targeted Russian drone strike. A deliberate attack by six “Shahed”… pic.twitter.com/7TbgHQYfEI
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) April 4, 2025
И покрај тврдењата на Русија дека нивната цел биле воени објекти, украинската страна инсистира дека станува збор за уште еден тежок напад врз цивили, кој однесе многу детски животи и предизвика огромна тага и гнев во земјата.


