во ,

Куче или мачка? Одговорот на ова прашање открива многу за вашиот карактер

Повеќе сакате кучиња или мачки? Одговорот на ова прашање би можело да открие многу за вашиот карактер. Научниците тврдат дека постојат значајни разлики помеѓу луѓето кои повеќе сакаат кучиња и оние кои повеќе сакаат мачки, пренесува „Popsci“.

Истражувачот Мајкл Делгадо открил дека испитаниците кои рекле дека повеќе сакаат мачки биле поотворени, но и невротични, додека љубителите на кучиња биле попријатни и подостапни.

Истражувањата исто така откриваат дека оние кои се идентификуваат како љубители на кучиња имаат тенденција да бидат подоминантни во социјалните интеракции и се понарцисоидни, а љубителите на мачки се воглавно жени.

Реклама

Мачките и кучињата имаат различна историја на припитомување, различни потреби, различна приврзаност и различно природно однесување кое е помалку или повеќе компатибилно со човечките потреби и однесувања. И, како луѓето, тие меѓусебно се разликуваат, а сите овие факти можат да влијаат на тоа дали некој повеќе сака куче или мачка.

Една голема работа која се уште не е проучена, вели Делгадо, е по што се разликуваат луѓето кои сакаат домашни миленици од оние кои не сакаат. Тој напоменал дека таа разлика би била многу потемелна и посложена.

Можеби главното прашање не е дали повеќе сакате мачки или кучиња, туку дали имате во својот живот простор за домашен миленик и дали сте спремни да ги усогласите своите карактеристики со нивните потреби.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

20 Носталгични фотографии од детството: Овие веќе застарени нешта покажуваат колку се променил светот

12 Луѓе кои се’ уште не веруваат во сериозноста на Ковид-19