
Земјоделецот плаќа за „привилегијата“ да произведува
Според пресметките на Левица, производната цена на килограм ориз изнесува 25 денари, додека откупната цена моментално се движи од срамни 18 до 20 денари. Ова значи дека производителите, откако ќе ги платат сите трошоци за нафта, семе, ѓубриво и механизација, на крајот бележат чиста загуба од 5 до 7 денари по килограм.
-
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден
Оризарите со право бараат елементарна економска логика – реалната производна цена плус 25% заработка, што би значело откупна цена од 31,25 денари. Партијата директно го прозва новиот министер за земјоделство Борче Серафимовски, обвинувајќи го дека ја продолжил старата нефункционална политика на неговиот претходник Цветан Трипуновски.
Од Левица потенцираат дека целиот ризик во системот е префрлен врз грбот на земјоделецот. Ако има суша, ако поскапи нафтата или ѓубривата – товарот го носи производителот, додека профитот и маржите остануваат исклучиво за трговците и откупувачите.
Црн биланс: Поскапи инпути, поевтин откуп
Оризот е само дел од пошироката катастрофална слика во македонскиот аграр. Левица потсетува на неодамнешните протести за ајварката (чија цена падна од 30 на 20 денари), пченицата (откупувана за 9,5 денари наспроти трошокот од 17 денари) и млекото (каде откупот падна од 32 на 24 денари).
„Официјалната статистика за јули 2026 година потврдува сè: цените на земјоделските инпути пораснале за 4,1%, додека откупните цени паднале за 5,5%. На земјоделецот му поскапува сè што мора да купи за да произведе, а му поевтинува сè што треба да продаде.“
Ваквата аграрна политика, заклучуваат од партијата, системски го расчистува теренот за увозниците и крупниот капитал. Резултатот ќе биде држава со плодна земја која доброволно го предава својот прехранбен суверенитет и станува зависна од увозна храна, оставајќи ги граѓаните секоја следна криза да ја плаќаат со празен џеб.
-
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден -
Апсана
699 ден
524.25 ден -
La Linea v6
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден








