
Реалноста наспроти општинската пропаганда
Претставниците на локалниот огранок на Левица посочуваат дека додека ПР тимот на владејачката ДПМНЕ секојдневно објавува фотографии и приказни за чист и уреден Аеродром, реалната слика на терен е сосема поинаква. Како главен пример ја посочуваат дивата депонија која е создадена во близина на автобуската постојка „последна 5-ка“.
-
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден
Според нив, токму оваа локација целосно ја урива сликата која градоначалникот Дејан Митески се обидува да ѝ ја наметне на јавноста преку социјалните мрежи и медиумите.
Без средства за чистење во буџетот за 2026 година
Дополнителен револт кај опозицијата предизвикува и финансиското планирање на општината. Од Левица алармираат дека во буџетот на Општина Аеродром за тековната 2026 година воопшто не се предвидени финансиски средства наменети за чистење на дивите депонии, што според нив е доказ за негрижата на локалната власт.
Со цел да го документира проблемот и да побара институционална одговорност, советничката од редовите на Левица, Слободанка Ќириќ, излезе директно на терен.
„Жителите на Аеродром заслужуваат конкретни решенија и чиста општина, а не само ПР-фотографии што ја прикриваат негрижата на локалната власт. Аеродром заслужува вистинска чистота, а не чиста пропаганда“, се наведува во официјалното соопштение на Левица Аеродром.


