во ,

Летечки столици и палки во Италија: 11 уапсени по тепачка меѓу Македонци и Албанци

Хаос во Перуџа: Масовна тепачка меѓу Македонци и Албанци, 11 лица завршија зад решетки

Италијанскиот град Перуџа беше сцена на брутална пресметка која започнала од банална причина – фотографија со мобилен телефон. Во бар во населбата Сан Систо, вербалната расправија меѓу група Македонци и Албанци (вклучително и неколку Романци) ескалирала во масовна тепачка. Летале столици, маси и дрвени палки, а билансот е 11 уапсени лица на возраст од 19 до 31 година.

Прегазен со автомобил: Тешки повреди за 27-годишен Македонец

Супер Попуст -25%

Инцидентот кулминирал кога дел од учесниците, обидувајќи се да побегнат, со автомобил удриле 27-годишен македонски државјанин, нанесувајќи му тешки фрактури на двете нозе. Полицијата, која интервенирала масовно, пронашла и дрога кај еден од приведените, додека друг неуспешно се обидел да ги сокрие клучевите од возилото во саксија. Сите осомничени се префрлени во затворот „Капане“.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Аларм во Германија: Фалат 120.000 камионџии, компаниите бараат олеснување на визите за Балканот

Тишина на плоштадите: Зошто Париз, Токио и Белград ја откажаа Нова Година?