во

Лозано со нова песна „Жолто црвено“ – емотивна ода за татковината

Влатко Лозаноски Лозано повторно ги разбуди срцата на македонските патриоти со својата најнова песна „Жолто црвено“. Песната, која беше објавена денес (01.10.2024), веднаш освојува со својата емоција, а стиховите стануваат рефрен кој лесно ви останува во глава и се пее со денови.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lozano (@vlatkolozanoski)

Зумбулот, симбол на есента, љубовта и надежта, игра централна улога во видеото, претставувајќи ја убавината на македонската природа, а во текстот секој љубител на татковината ќе се препознае. Со стихови кои длабоко допираат, песната ја слави македонската гордост и носталгија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lozano (@vlatkolozanoski)

„Оваа туѓина на мир не ме остава, во душа само празнина ми отвара, а таму кај што чука срцево се вее знаме жолто црвено“ – ова е само дел од моќните зборови кои ќе ве трогнат.

Текстот за песната го напиша Магдалена Цветковска – Ена, а за аранжманот е заслужен Лазар Цветковски. Погледнете го видеото за оваа емотивна химна на љубовта кон татковината!


Супер Кул Маици: -20%
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

АЛАРМАНТНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД АМЕРИКА: Светот се приближува до тотален конфликт меѓу суперсилите!

Заработува над 200.000 евра неделно, а вози автомобил кој ќе ве изненади: Хрватскиот фудбалер шокираше со својот избор