
Драган Стојковиќ Пикси, познат како фудбалски мајстор, е исто така и искусен инвеститор во недвижности. Неговите импресивни куќи и станови во Белград, Париз и други делови од светот сведочат за неговиот успех не само на теренот, туку и во бизнисот.
Вилата на Пикси во Белград – Дом за целото семејство
-
Апсана
699 ден
524.25 ден
Една од најпознатите некретнини на Пикси е неговата вила во срцето на Белград, лоцирана на Дорќол. Оваа раскошна куќа од 246 квадратни метри има три спрата, секој дизајниран како посебен стан за неговите ќерки, Анја и Андреа, кога го посетуваат семејството во Белград.

Покрај ова, Пикси во минатото поседувал и вила на Дедиње, која ја продал на поранешниот фудбалер Душко Тошиќ. Денес, оваа некретнина ја изнајмува пејачката Јелена Карлеуша, која живее таму со своите ќерки.

Раскошот на Пикси во Париз
Во Париз, Пикси поседува стан од 60 квадратни метри, лоциран во престижна зграда во близина на хотелот „Plaza Athenee“. Овој стан, кој се изнајмува на туристи, е опремен со луксузен мебел од брендот „Fendi“, мермерно купатило, подно греење и најмодерна технологија. Неговиот син Марко е задолжен за изнајмување преку популарни апликации за недвижности.
View this post on Instagram

Други инвестиции на Пикси
Покрај домовите во Белград и Париз, Пикси поседува и имот на црногорскиот приморски рај – Росе. Според шпекулациите, тој потрошил околу два милиони евра за овој луксузен плац.
Од Белград до Париз и Црна Гора, недвижностите на Пикси се симбол на раскош и успех.


