во ,

Маж ја одвел љубовницата во кино, а потоа се појавила неговата сопруга: Настанало видео кое насмеа повеќе од 20 милиони луѓе

Еден маж одлучил да ја одведе љубовницата во кино, мислејќи дека неговата сопруга никогаш нема да дознае за тоа, но се излажал.

Снимката објавена на ТикТок која го обиколи светот и насмеа 20 милиони луѓе настанала во Колумбија, а едно е сигурно – на никој од учесниците не му било забавно како на оние кои го изгледале видеото.

Како што пренесуваат медиумите, Колумбиецот имал намера да помине една вечер со љубовницата додека неговата сопруга била дома. Тој ја одвел во кино, мислејќи дека таму, поради темната сала, мали се шансите да сретне некој познат или некој да го препознае. Но, набрзо се уверил дека се излажал.

Токму кога парот се сместил во удобните столчиња, следело шок: се појавила неговата сопруга која ја снимала целата ситуација со телефон.

Како што се гледа и на снимката, и двајцата биле непријатно изненадени. Љубовницата веднаш побегнала од „местото на злосторството“, додека прељубникот почнал да трча по скалите од другата страна.

Засега не е познат конечниот епилог на оваа љубовна драма, но веруваме дека неверниот сопруг не поминал баш најдобро…

Што мислиш?

27 Поени
Upvote Downvote

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ова е фотографијата за која зборува цел свет, а снимена е на Халкидики

30 Луѓе на кои денот им оди веројатно полошо од вашиот