
Новинарот Драган Павловиќ Латас одговори на заканите од градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Латас најави дека ќе поднесе кривична пријава. Тој додаде и дека воопшто не е битно дали Костадинов „бил нашмркан кога го пишувал тоа“. Неговата реакција следува по објавата на Костадинов во која тој му се закани на новинарот.
-
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден
„Меѓу неговите другари дилери и пријателите дилбери со дебели вратови и ментални проблеми има кандидати за извршување на неговите намери,“ пишува Латас. Според него, тие би сакале да се докажат пред „лигавиот“ и да му учинат.
„Но, на крај тие ќе лежат во затвор наместо него, што баш и не им личи прифатливо,“ додава тој. „И поттикот на убиство извршено од друг е кривично дело,“ завршува Латас во својата објава.


