во ,

Македонски инженер и трговец го освоија Сиднеј: Браќата Радевски прават бурек за кој зборува цела Австралија

Македонскиот бурек го освојува светот, а овој пат епицентарот на гастрономското уживање е далечниот Сиднеј.

Угледното списание „Good Food Australia“ неодамна објави статија за „скриените дијаманти“ на австралиската кулинарска сцена, посочувајќи го бурекот на браќата Никола и Јован Радевски како едно од најпознатите, но и најпотценетите јадења во градот. Приказната за двајцата браќа кои ги напуштиле своите перспективни кариери за да ја продолжат семејната традиција на својот прадедо, стана вистински хит и доказ дека македонската храна нема граници.

Од авиоинженерство до сукало: Враќање на корените во Рокдејл

Супер Попуст -25%

Браќата Радевски не се обични пекари. Никола е дипломиран воздухопловен инженер, а Јован завршил трговија. Сепак, мирисот на врелиот бурек со кој пораснале бил посилен од корпоративните канцеларии. Нивниот татко, Ристо Радевски, со децении го водел култниот ресторан „Pella Burek“ во Рокдејл, кој бил затворен во 2011 година.

Седум години подоцна, во 2018 година, браќата одлучиле дека наследството на нивниот прадедо, Божин Радевски, не смее да згасне. Изнајмиле простор, го реновирале и повторно го запалиле огнот во фурните.

„Го јадевме секој ден, а татко ни нѐ научи како се прави. Моравме да ја продолжиме семејната традиција“, вели Јован за австралиските медиуми.

Модернизација на традицијата: Бурек без свинска маст и вегански опции

За да успеат на пребирливиот пазар во Сиднеј, каде што луѓето повеќе знаат за грчкото гиро или турското ѓозлеме, Радевски морале да направат стратешки промени во рецептот, без да го изгубат автентичниот вкус. Клучната промена е исфрлањето на свинската маст, која е стандард во традиционалниот македонски бурек.

Наместо тоа, тие користат сончогледово масло, што го прави тестото полесно и прифатливо за поширока клиентела. Дополнително, го приспособиле менито за вегетаријанци и вегани. Нивниот бурек со праз и компир е целосно од растително потекло, а месото за класичниот бурек го набавуваат од проверени добавувачи, вклучително и увоз од Македонија или од локални либански месари за специфичниот вкус на говедското со карамелизиран кромид.

Домаќинска матеница во лименка – новиот бизнис хит

Но, бурекот не оди без јогурт. Браќата Радевски отишле чекор понатаму во брендирањето на македонскиот појадок. Инвестирале во машини за пастеризација и конзервирање и започнале со производство на сопствена матеница.

Овој потег се покажал како полн погодок. Денес, покрај седумте видови бурек, тие неделно продаваат и до 400 лименки од овој освежителен пијалак, едуцирајќи ги Австралијците дека бурекот и матеницата се нераскинлив тандем. Нивниот успех е потврда дека кога традицијата ќе се спакува модерно, светот е подготвен да ја „вкуси“ Македонија.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Олеснил“ фирма за 45.000 евра за два месеци: Уапсен менаџер од Бит Пазар

Променливо облачно, дожд претпладне, снег на планините, до 14 степени