во

Мицкоски дециден: Новите измени на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека новите предлог-измени на Кривичниот законик и Законот за кривичната постапка се веќе испратени во Брисел, нагласувајќи дека тие нема да имаат ретроактивно дејство, туку ќе се применуваат исклучиво за идните случаи.

Обвинувања за амнестија и политичка заштита

Одговарајќи на новинарски прашања, Мицкоски упати остри критики кон поранешната влада предводена од СДСМ и ДУИ. Според него, претходните контроверзни измени на законите – кои беа донесени по скратена постапка и со злоупотреба на „европското знаменце“ – имале јасна цел: заштита од одговорност за сторен криминал и политичка амнестија за поранешни структури на ВМРО-ДПМНЕ.

Примена на „поповолниот закон“ за старите случаи

Берово те очекува
Pine & Co. – сместување во Берово, Македонија

Премиерот појасни дека поради основните правни начела за примена на поповолен закон, лицата за кои постојат сомневања за криминал сторен во периодот на претходната власт ќе можат и понатаму да се повикуваат на законските измени донесени во времето на СДСМ и ДУИ. Со тоа тие практично ги избегнуваат построгите казни кои би ги предвидел новиот законски текст.

Владата сега чека повратна реакција од европските институции во Брисел за новите предлог-текстови, кои треба да ги корегираат пропустите и да воведат построга казнена политика во иднина.

„Овие измени коишто сега ги носиме се за отсега па натаму. И нема да важат ретроактивно.“ — нагласи премиерот Мицкоски.

Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Седум фемициди годинава: Колку жени требаше да бидат убиени за да се придвижат законските измени?

Спектакуларно откритие кај Валандово: Откриен монументален римски базен со осум видови мермер на Исар-Марвинци