
На дводневниот Конгрес на Европската народна партија (ЕПП) во Валенсија, каде што беше реизбран Манфред Вебер за претседател, се случи кратка, но симболична средба помеѓу македонскиот премиер Христијан Мицкоски и бугарскиот лидер Бојко Борисов.
Иако се најдоа на иста маса, двајцата лидери не разговараа. Сепак, во атмосфера исполнета со срдечни насмевки и формални гестови, Мицкоски и Борисов си подадоа рака – гест кој не остана незабележан.
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Конгресот во Шпанија ги собра водечките политичари од десниот центар во Европа, а вниманието на медиумите го привлече присуството на политички фигури од Западен Балкан, особено во контекст на чувствителните односи меѓу Македонија и Бугарија.
Иако не се одржа официјален разговор, фотографијата од ракувањето беше пренесена во повеќе медиуми и оценета како „политичка учтивост во време на затегнати односи“.


