
Лидерите од регионот и германскиот канцелар Мерц на една маса
Овој самит претставува завршен настан на претседавањето на Црна Гора со иницијативата. Покрај шефовите на влади од земјите на Западен Балкан, на состанокот учествува и канцеларот на Сојузна Република Германија, Фридрих Мерц, кој важи за силен поддржувач на напредокот и интеграцијата на регионот во Европската Унија.
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден
Во рамки на работната агенда, предвидени се куси изјави за медиумите пред почетокот на пленарните активности, по што ќе следуваат главните работни сесии посветени на регионалната стабилност и развој.
Македонските позиции: Економија, конкурентност и безбедност
Како што информираат од владината прес-служба, премиерот Мицкоски на главната сесија детално ќе ги образложи македонските ставови и потенцијали за продлабочување на регионалната соработка.
„Премиерот Мицкоски пред присутните лидери ќе ги презентира македонските можности и ставови поврзани со зајакнувањето на економијата, безбедносните аспекти, како и европските интеграции и подобрувањето на севкупната конкурентност на целиот регион“, посочуваат од Владата.


