
Масовен бран незадоволство во сите поголеми центри
Улиците на Атина, Солун, Патра, Лариса, Волос, Јанина, како и населените места на островот Крит, беа преплавени од демонстранти кои го изразија својот револт против растот на трошоците за живот и недоволните вложувања во јавниот образовен систем.
-
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден
Клучните барања на демонстрантите се насочени кон подобрување на стандардот во училиштата и студентските домови, државна заштита од неконтролираниот раст на кириите и соодветно субвенционирано сместување за младите.
Солидарност од синдикатите и европски контекст
Предводници на овие маршеви беа учениците, студентите и образовниот кадар, но тие добија широка општествена поддршка од работничките синдикати, вработените во јавната администрација и родителите, кои масовно им се приклучија на колоните.
Ваквите протести во Грција се совпаѓаат со сличен бран на незадоволство и барања што периодов се актуелни и на улиците во Франција, Албанија, Португалија и Италија, каде младите и работниците исто така бараат заштита на животниот стандард и подостоинствени услови за живот и учење.


