во

Муцунски ја прозва Софија: Непристојно е земја членка на ЕУ да биде прибежиште за осудени криминалци

Македонија очекува процесот на пристапување кон ЕУ да биде кредибилен и заснован исклучиво на реални заслуги, порача министерот Тимчо Муцунски, упатувајќи истовремено и остри пораки кон Бугарија поради давањето засолниште на осудени лица.

Словачка поддршка за евроинтеграциите

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со својот словачки колега Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на Македонија. Муцунски изрази благодарност за принципиелната словачка поддршка која се остварува преку групата „Пријатели на Западен Балкан“, Вишеградската група и Славков форматот.

Супер Попуст -25%

Двајцата министри ги потврдија одличните билатерални односи, ставајќи посебен акцент на економската соработка и трговската размена. На средбата беше истакната неопходноста од посилна динамика на европската интеграција на целиот Западен Балкан, при што политичкиот дијалог меѓу Скопје и Братислава беше оценет како дијалог на највисоко ниво.

 

Остри пораки кон Софија и „политичката естрада“

Особено внимание предизвика одговорот на Муцунски на новинарско прашање поврзано со случајот на Ива Михајлова. Шефот на македонската дипломатија отворено ја прозва Бугарија, оценувајќи како апсолутно неприфатливо тоа што земја членка на Европската Унија станува прибежиште за лица кои се осудени или осомничени за кривични дела во Македонија.

И покрај острата критика, Муцунски нагласи дека Владата останува посветена на одржувањето отворени канали за комуникација со Софија. Сепак, тој потенцираше дека македонската страна нема намера да биде вовлечена во нивните внатрешни политички пресметки. Повикувајќи се на ставот на премиерот Христијан Мицкоски, тој порача дека Македонија нема интерес да биде дел од „естрадата“ во соседната држава.

„Навистина е непристојно една земја членка на Европската Унија да станува прибежиште за тие коишто или се осудени за сторени кривични дела, или се лица за коишто има степен на сомнеж и се водат постапки во судовите во државата“, дециден е министерот Муцунски.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Уапсен Билал Кара, сопственикот на „Санте Плус“: Изведен пред судија по големата акција на МВР за малверзации со ФЗОМ

Голема интернет измама: Битолчанка и Естонец олесниле стотици граѓани преку лажна платформа за инвестирање