во ,

НАЈТЕЖОК ДЕН ОВАА СЕЗОНА: Пожарот во Студеничани сè уште не е ставен под контрола!

Огнената стихија која непрекинато беснее не ја губи својата сила! Вчерашниот ден беше оценет како најтежок во досегашната сезона на пожари, а екипите сè уште водат тешка битка со пламените јазици во Општина Студеничани и Македонски Брод.

Огнот кој избувна во атарот на селото Рамно Габер не е изгаснат и покрај огромните напори на противпожарната бригада. Дури ни интервенцијата на трите ер-трактори во текот на ноќта не беше доволна за да се стави огнената стихија под контрола.

Од Морани до Рамно Габер

Супер Попуст -25%

Според информациите од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), вчерашниот ден бил исклучително критичен. Градоначалникот на Општина Студеничани појасни дека пожарот првично започнал во селото Морани, по што неконтролирано се проширил кон атарот на соседното село Рамно Габер.

Карпест терен и тешка битка во Македонски Брод

Ситуацијата е критична и во други делови на државата. Комплексен пожар е регистриран и на територијата на Македонски Брод, поточно во атарот на селото Драговдол. Од ДЗС информираат дека поради специфичноста и тешката пристапност на теренот, гаснењето од воздух со ер-трактори не ги дало посакуваните резултати.

„Доброволните пожарникари и оперативците на дирекцијата го гаснеле огнот искачувајќи се на тежок карпест предел, при што успеале да изгаснат поголем дел од еден крак на огнената стихија.“

И покрај сите предизвици со кои се соочуваат екипите на терен, првиот човек на ДЗС останува оптимист и верува дека пожарите конечно ќе бидат ставени под контрола во текот на денешниот ден.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

НАУКАТА ПОТВРДИ, А ТАА ДОКАЖА: Жената со најсовршено тело на светот ги запали мрежите!

ИТНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ВО ГАЗИ БАБА: Општината во борба со комарците и западнонилската треска!