во ,

Некогаш и денес: Како изгледаат и што прават актерите од Home Alone три децении подоцна?

Зарем има поубав празничен филм од Home Alone? Иако има уште цел месец до празничната сезона, никогаш не е прерано да го погледнете филмот, заедно со сите продолженија, и уште сега да ја почувствувате празничната атмосфера.

Home Alone ја имаше својата премиера во ноември 1990, пред цели 30 години, но изгледа ништо не може да го симне од врвот кога станува збор за популарни празнични филмови. Оттогаш до денес актерите кои се појавија во филмот се имаат променето многу – некои се откажаа од актерството, некои не станаа многу успешни, но некои беа номинирани за најпрестижните филмски награди.

Погледнете како изгледаат и што прават денес актерите од Home Alone:

Меколи Калкин

Меколи ја имаше главната улога во филмот – ликот на Кевин Мекалистер, а се појави и во второто продолжение.

Моментално тој води сатиричен веб-сајт и поткаст наречен Bunny Ears, а годинава најави дека ќе се појави во десеттата сезона од American Horror Story.

Кетрин О’Хара

Кетрин ја глумеше мајката на Кевин, Кејт Мекалистер. Тој период актерката беше доста активна и се појави во неколку одлични филмови и серии.

Денес Кетрин уште глуми, а годинава доби Еми награда за најдобра актерка во серијата Schitt’s Creek.

Џон Херд

Џон Херд го глумеше таткото на Кевин, Питер Мекалистер. Слично како Кетрин, тој ја започна кариерата во 70-тите и беше дел од неколку големи филмски проекти.

Џон се појави и во неколку популарни телевизиски серии но, за жал, во 2017-та почина од инфаркт.

Џо Пеши

Легендарниот Џо Пеши го глумеше негативецот Лери Лајм. Пеши има доста импресивна кариера, а најмногу се прослави со филмовите Goodfellas и Once Upon a Time in America.

За последната улога во The Irishman, филм на Мартин Скорсезе, Пеши си доби номинација за Оскар и Златен глобус.

Даниел Стерн

Даниел го глумеше другиот негативец, Марв. После второто продолжение на филмот, Даниел ја продолжи актерската кариера, но почна и да режира и да пишува.

Девин Ратреј

Ратреј го глумеше братот на Кевин, Баз Мекалистер. Тогаш актерот имаше 13 години и иако продолжи да глуми, не се појави во некој попознат филм, освен Hustler од 2019.

Киран Калкин

Знаевте ли дека во Home Alone глумеше и братот на Меколи Калкин? Тогаш Киран имаше 8 години и го глумеше братучедот на Кевин – Фулер Мекалистер.

Киран е добар актер, се има појавено во неколку популарни филмови, а во 2018-та доби и номинација за Златен глобус за улогата во серијата Succession.

Лери Хенкин

Лери го глумеше полицаецот што им помагаше на Кејт и Питер да го пронајдат Кевин.

После Home Alone, актерот се појави во бројни познати серии, вклучувајќи ги Friends, Breaking Bad и Seinfeld.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 Грешки во облекувањето поради кои делувате како да немате вкус

Филери VS. Природен изглед: Познати дами кои се врснички, a стареат на различен начин